Елиф Елмас е на добар пат да добие соиграч од Манчестер Јунајтед откако челниците на Наполи влегоа во завршна фаза од преговорите за ангажман на Алекс Туанзебе.
Младиот дефанзивец веќе ги договори личните услови и се чека само на договор меѓу деталите. Наполи понудил 400.000 евра за позајмица на шест месеци, Јунајтед бара еден милион, но се очекува двата тима да се договорат во наредните 48 часа, па Туанзебе што поскоро да ги мине лекарските прегледи и да му се стави на располагање на тренерот Спалети.
Наполи е во потрага по нов дефанзивец откако го продаде Манолас во Олимпијакос, а во ситуација кога Кулибали ќе замине на настап на Купот на Африкански Нации јасно е зошто на „наполитанците“ им се брза што поскоро да го договорат доаѓањето на Туанзебе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА