Елиф Елмас е во Топ 5 најдобри фудбалери на Наполи според игрите сезонава!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби уште една потврда за извонредна форма во која сезонава настапува во дресот на Наполи, каде е незаменлив во стартните 11 на Антонио Конте.

Според, анализите на „МАД фудбал“, македонскиот фудбалер  е во најдобрите 6 фудбалери на Наполи според игрите низ актуелната 2025/2026 сезона.

Елмас е на четвртата позиција, според оценките, согласно игрите за „наполитанците“, веднаш заедно со Хојлунд, МекТоминеј и Де Брујне.

Македонскиот репрезентативец првично беше доведен за да ја преземе улогата на офанзивен играч од средниот ред, но, со оглед на неговата разновидност во играта, Антонио Конте го користи на различни позиции. Па, одличниот Македонец сега е распореден и во централниот среден ред, дефанзивниот среден ред, па дури и на двете крила. Елмас е исклучително разновиден во играта, што ја зголемува неговата привлечност за европските клубови.

Не е тајна, како што пренесоа италијанските медиуми, дека за неговите услуги е заинтересиран и англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...