Македонскиот фудбалер Елиф Елмас со трансферот од Фенербахче во Наполи, и натаму го држи првото место на најпрофитабилен трансфер во турската Супер-лига.
Елмас замина во Фенербахче од Работнички, во трансфер кој чинел 180.000 евра, а потоа продаден на Наполи за 16,2 милиони евра, што е за 90 пати повеќе од она што Фенербахче го плати за неговите услуги.
„Дијамантот“ во 2019 година го направи својот трансфер од соништата и замина во Италија, а со Наполи лани го направи најголемиот успех, освојувајќи го Скудетото.
Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Елмас би можел на зима да се врати во Турција и да го облече дресот на најомразениот ривал на Фенербахче, екипата на Галатасарај која го сака македонскиот фудбалер во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

