Елиф Елмас избран во идеалниот тим на Серија А за минатото коло

Елиф Елмас беше награден за одличното издание по влегувањето во игра во Бергамо и победничкиот гол против Аталанта, па така македонскиот репрезентативец се најде во идеалниот тим на изминатото коло во Калчо-лигата, и тоа во официјалниот избор на Серија А, објавен на профилите на социјалните мрежи на елитното италијанско фудбалско друштво.

Македонскиот „дијамант“ влезе во игра во второто полувреме и се претвори во херој на Наполи постигнувајќи го голот за победа, за што доби оценка седум, доволна за место меѓу четворицата најдобри играчи за врска во овој избор.

Покрај Елмас тука се најдоа уште и Малиновски (Џенова), Кандрева (Салернитана) и Ел Шарави (Рома), а во идеалните 11 имаше место и за Мењон (Милан), Досена (Калјари), Толјан (Сасуоло), Монтеризи (Фросиноне), Дибала (Рома), Суле (Фросиноне) и за Берарди (Сасуоло).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lega Serie A (@seriea)

Се вчитува...