Македонскиот суперталент Елиф Елмас нема да игра во дресот на Фенербахче во турското првенство до јануари. ФИФА го одби барањето на турскиот клуб за регистрација на младиот фудбалер пред тој да наполни 18 години (27.септември), а во меѓувреме истече и последниот рок за регистрација на професионални играчи за шампионатот на Турција.
Ова значи дека Елиф Елмас ќе може во наредниот период, се до јануари, да игра само пријателски натпревари за сениорскиот тим на Фенербахче или пак да настапува за тимот до 21 година, во кој фудбалерите имаат аматерски статус.
Елмас ова лето пристигна во Фенербахче од редовите на Работнички, но турскиот гигант не може да го регистрира со професионален договор, затоа што тој се уште не е полнолетен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА