Македонскиот фудбалски суперталент, досегашниот фудбалер на Работнички, Елиф Елмас потпиша договор со турскиот гигант Фенербахче. Тој одлучи да ја прифати понудата на Фенер, покрај многуте што стигнаа на негова адреса во овој летен преоден рок. Тој во септември ќе наполни 18 години, по што договорот ќе стапи на сила и ќе може да настапува во турското фудбалско првенство.
За Елиф Елмас се интересираа голем број европски клубови, меѓу кои и Галатасарај, Трабзонспор, Лас Палмас, Борусија Дортмунд, Бенфика, Базел, Клуб Бриж, Херенвен, со кој имаше и преддоговор, но токму Фенербахче победи во трката за неговиот потпис. Предмалку тој на својот Твитер објави: „Здраво, Фенербахче“, што го потврдува неговиот избор и трансферот кој е пред конечна реализација.
Елиф Елмас веќе дебитираше за А-репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во Скопје, а беше дел и од селекцијата до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА