Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас не е стандарден во својот нов тим, Ред Бул Лајпциг, па затоа наскоро би можел повторно да ја промени средината.
Како што пишуваат турските медиуми „дијамантот“ е пред преселба во великанот Галатасарај. Оваа вест во Турција денеска одекна, бидејќи Елмас се поврзува со најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб, Фенербахче.
Галата веќе испратил понуда за македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас кој е врзан со договор со Лајпциг до 2028 година, па во Турција би играл како позајмен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА