Елиф Елмас, сепак, го одбра Торино!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, сепак, до крајот на сезоната оди на позајмица во италијански Торино.

Фабрицио Романо со ексклузивна објава дека Торино постигнал договор со Лајпциг за позајмица на Елмас, со можност за комплетно откупување на неговиот договор во јуни.

Елмас има понуда и од Валенсија, но иако се тврдеше дека ќе заврши во Шпанија, на крај, се чини, изборот е враќање на Апенинскиот полуостров, овој пат во редовите на Торино.

Се вчитува...