Извонреден натпревар одигра Елиф Елмас против Белгија демонстрирајќи го уште еднаш сиот свој раскошен квалитет. Штета, само што не успеа да го заокружи со постигнат гол.
Во првото полувреме дирекот не му дозволи да се запише во листата на стрелците, а во вториот дел постигна прекрасен гол но, поради милиметри и офсајд позиција на Илиевски, му беше поништен…
„Искрено и првото полувреме не заслуживме да го завршиме во негатива, и може да жалиме што не успеавме да дојдеме до победа… Но, и тоа како мора да бидеме среќни и задоволни што играме на едно вакво високо ниво против најсилните светски селекции. Ние веќе играме максимално и на победа на секој натпревар, без разлика кој е противникот од спротивната страна. Така беше и против Белгија благодарение и на одличната поддршка од трибините“ – ни изјави Елмас по мечот, осврнувајќи се и на тоа што не очекува против Казахстан.
„Сега, исто така и против Казахстан нема да калкулираме затоа што сакаме три бода. Во понеделник не чека важен меч во овие квалификации, на кој одиме на победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

