Елиминација и на Фриц и Зверев на Австралија опен

Германскиоте тенисер Александер Зверев се уште не може да ја најде посакуваната форма по тешката повреда која ја заработи на Ролан Гарос минатата година. Германецот го заврши настапот на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен уште во втората рунда.

Подобар од Зверев со 3-1 по сетови 6-7, 6-4, 6-3 и 6-2 беше Американецот, Мајкл Мо. Турнирот заврши и за осмиот носител Тејлор Фриц кој беше елиминиран во маратонски меч со 3-2 (7-6, 6-7, 4-6, 7-6 и 2-6) од домашниот тенисер, Алексеј Попирин.

Претходно денеска елиминација доживеа и вториот светски рекет Каспер Руд.

Се вчитува...