„Елиминација на Барселона од ЛШ може да им помогне за титула во Ла Лига“

Англиската легенда Гери Линекер, верува дека испаѓањето на Лигата на шампионите може да и помогне на Барса во битката со Реал Мадрид во шпанската Ла Лига.

Каталонците ќе ги загубат сите шанси за пласман во 1/8 финалето доколку Интер го победи тимот на Викторија Плзен во 5. коло од Лигата на шампионите.

„Да се биде тренер на Барселона е тешко, затоа што тоа е еден од најголемите клубови во светот. Чави добро се снајде и добро напредува. Тешко е да се очекува брзо да се сменат работите. Срамота ќе биде елиминацијата на од Лигата на шампионите, но испаѓањето од неа може да им биде предност во Ла Лига. Можеби играчите ќе бидат многу уморни од Мундијалот, па потоа ќе им биде полесно во Шпанија“, рече Линекер, кој и самиот играше за Барселона. 

Се вчитува...