Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо сега е во комбинација за настап за Реал Мадрид на мечот против Манчестер јунајтед во УЕФА Суперкупот 2017 кој на 8. август се игра на „Телеком арената“ во Скопје, пренесува шпански „АС“.
Роналдо, според програмата за работа на Зинедин Зидан, има право на 30 дена одмор по последниот натпревар на Португалија на Купот на конфедерациите. Со оглед на тоа што Португалија загуби во полуфиналето, а Роналдо од вчера веќе го користи својот одмор, и дефинитивно на 31. јули треба да се врати на тренинзите на „кралскиот клуб“. Тоа, според „АС“ значи дека би бил подготвен за натпреварот на Реал против Манчестер јунајтед во Скопје. Секако, околу сето тоа, постои и еден услов – Португалецот да одлучи да остане меѓу “кралевите“ и натаму, со оглед на бројните шпекулации за заминување од клубот.
Како што е познато, претходно „Марка“ навести дека доколку Португалија игра финале на Купот на Конфедерациите тогаш Кристијано Роналдо со сигурност нема да може да игра во Скопје и доколку остане во Реал Мадрид и следната сезона. Но, со елиминацијата на Португалците нештата се променети па Роналдо ќе биде порано на располагање на Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА