За седум дена, екипата на Струга ТЛ ја очекува натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите против Слован Братислава. Дуелот се игра во 19 часот на Националниот стадион во Братислава, каде што македонскиот првак очекува добар резултат пред реваншот во Охрид.
Слован на ова Европско првенство даде тројца репрезентативци и тоа Јурај Куцка и Давид Стрелец во Словачка, и Гурам Кашиа во Грузија. Тие тројца се елиминирани во 1/8 финалето, и наскоро ќе се стават на располагање на тренерот Владимир Вајс.
Куцка, Стрелец и Кашиа можеби нема да стигнат да бидат во комбинација за првиот меч, поради тоа што ќе добијат мал одмор по настапите на ЕВРО 2024, но ако биде потребно ќе бидат ставени во „погон“ за реваншот. Куцка е капитен на Славен. Со Слован во Македонија доаѓа и ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан, екс играчот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА