Елитата на светското таеквондо денеска и утре во Скопје (ФОТО)

Денеска во Скопје од 9 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ стартуваше еден од најсилните светски таеквондо грандпри турнири „Скопје Опен 2025 Г1“.

„Елитата на светското таеквондо викендов е во Скопје, пречекана е со врвна организација. Повеќе од 40 држави од целиот свет се во Скопје по бодови за олимписка норма. Скопје ОПЕН 2025 е Г1 турнир кој се наоѓа на официјалниот календар на светската таеквондо асоцијација“ – информираат од Таеквондо федерацијата на Македонија.

Натпреварите ќе се одвиваат денеска и утре со почеток од 9 часот во СЦ „Јане Сандански“. Од федерацијата ги повикуваат сите љубители на таеквондото и спортот да присуствуваат на вистинска „олимписка спортска магија“.

Се вчитува...