Македонската фудбалска репрезентација до 17 години е сместена во групата 3 од елитните квалификации по денешниот ждреб и ќе игра против селекциите на Република Ирска, Полска и Грузија, во обидот да се пласира на завршниот турнир што ќе се одржи во Англија.
Селекцијата предводена од Горан Станиќ ќе има реални шанси за надигрување со противниците, иако според досегашните резултати е аутсајдер, и беше извлечена од последниот барабан. Првопласираните селекции од осумте групи, како и најдобрите седум второпласирани репрезентации ќе обезбедат пласман на завршниот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА