Елмас, Чурлинов, Атанасов, Митровски…нашите суперталенти (У-19) ја напаѓаат Швајцарија

Според имиња, страшно квалитетна генерација има во свои раце селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Вујадин Станојковиќ, во пресрет на стартот на турнирот за пласман во елитната фаза од квалификациите за ЕП во Финска, што наредните денови ќе се одржи во нашата земја. Македонија е во група со денешниот ривал Швајцарија, како и со Белгија и со Лихтенштајн, а првите две репрезентации ќе обезбедат пласман во елитните квалификации.

Популарниот Вујо има на располагање тројца суперталенти кои веќе имале повик во А-репрезентацијата, Елиф Елмас, Дарко Чурлинов и Јани Атанасов, како и Димитар Митровски,  членот на Спортинг Лисабон, кој исто така има огромен потенцијал, заокружувајќи ги секако и во еден комплетен тим кој ветува многу како наша фудбалска иднина. Но, денеска е време да ги видиме и на дело, да одиграат најдобро што умеат и да остварат триумф на стартот против репрезентацијата на Швајцарија. Мечот ќе се одигра на комплексот на ФФМ, со почеток во 13 часот.

Елиф Елмас најави атака на трите бода на овој меч.

„Одиме на победа против Швајцарците на стартот. Размислуваме позитивно, веруваме во себе и не интересира само триумф. Верувам дека имаме капацитет да славиме и очекуваме поддршка од публиката“, вели младиот мегаталент кој е член на Фенербахче.

stanojkovic

Селекторот Вујадин Станојковиќ е исто така оптимист и верува дека оваа генерација ќе покаже дека е светла иднина на македонскиот фудбал.

„Веруваме во оваа генерација. Тоа се фудбалери кои имаат исклучителен квалитет. Заедно сме неколку години, тимскиот дух и карактерот на екипата е на високо ниво. Има предуслов да се надеваме на успех, но мора да бидеме истовремено и внимателни. Противниците се анализирани, но најважно е ние како ќе изгледаме на терен. Сите се надеваме дека ќе го дадеме максимумот и ќе успееме да ја минеме квалификациската фаза. Што се однесува до првиот меч секако ја респектираме Швајцарија, но пред се сме фокусирани на нашата игра“, вели селекторот на селекцијата до 19 години.

Curlinov

Дарко Чурлинов е еден од нашите адути за овој меч. Најмладиот дебитант во историјата на А репрезентацијата на Македонија смета дека нашето залагање и посветеноста треба да бидат на највисоко ниво.

„Ќе дадеме се од себе за добар резултат. Сите сме подготвени и со нетрпение го очекуваме првиот дуел. Едноставно мора да веруваме во квалитетите, да излеземе на терен и да се бориме за националниот дрес. Верувам во позитивни резутлати од турнирот“ вели фудбалерот на германски Келн.

Се вчитува...