Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас дебитираше на еден официјален натпревар во дресот на Фенербахче.
Со оглед на тоа што нема право за настап за првиот тим на Фенер до јануари 2018 година, Елмас е вклучен во тимот до 21 година на турскиот гигант. Во дербито од 9. коло во Суперлигата на Турција за играчи до 21 година, Фенербахче славеше против Галатасарај со 2-1.
Елмас настапи од првата минута за својот тим, според информациите од Турција максимално партиципирајќи во победата на Фенербахче. По оваа победа, Фенер со 19 бода се израмни на врвот од табелата со Бешикташ, а сега со бод повеќе од Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА