Македонскиот фудбалски мегаталент Елиф Елмас вечерва го имаше своето деби за турскиот гигант Фенербахче. Противникот на Вардар во плејоф колото од Лигата на Европа играше пријателски натпревар со италијанскиот калчолигаш Калјари, а Елмас ќе го памети цел живот затоа што за првпат настапи во дресот на Фенер. Влезе во второто полувреме, доби аплаузи на отворена сцена, а прикажа и голем дел од својот фудбалски репертоар. Фенербахче победи со 1-0, со голот на Матие Валбуена.
Сите се надеваме дека ова е само почеток на една голема фудбалска кариера на младиот Елиф Елмас. Тој се уште не е полнолетен, и ја чека дозволата од УЕФА за да биде регистриран во составот на Фенербахче за самиот старт од сезоната. Но, веќе на голема врата зачекори во турскиот гигант Фенербахче, рамо до рамо со ѕвезди како Валбуена и Ван Перси…
ADAM OLACAK ÇOCUK.
Eljif Elmas ! pic.twitter.com/4xii3uQXhS— Fener Ajans (@FnrAjans) August 7, 2017
Oyuna ilk girdiği anlarda Eljif Elmas’a büyük destek. pic.twitter.com/jqLWvUdjgg— Fener Ajans (@Ajans_Fener) August 7, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА