Македонија без никакви шанси за полуфинале влезе во дуелот со Португалија, но селекторот Милевски и неговите избраници одиграа максимално храбро достоинствено. Награда за тоа е и вториот погодок што нашите младинци го постигнаа на вечерашниот дуел, намалувајќи на 2-3 со голот на Кире Маркоски.
Во акцијата на фудбалерите на Работнички кои влегоа во второто полувреме, Елмас извонредно повлече контранапад, го проигра во празно Маркоски, кој биеше прецизно во вториот агол затресувајќи ја мрежата на Португалците.
Овој гол најверојатно ќе значи и крај на надежите на Португалија за пласман во полуфиналето, со оглед на фактот дека на фаворитот му беше неопходна победа од најмалку три гола разлика за да се најде во следната фаза од шампионатот.
Kire Markoski Goal HD – FYR Macedonia U21 2-3… by riqezi
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА