Елмас доби трет тренер – Фенер донесе шампионски стратег

По двете промашувања со холандските стратези, раководството на Фенербахче се реши за турски стручњак, па од денеска нов кормилар на турскиот фудбалски гигант е Ерсун Јунал. Елиф Елмас дефинитивно му е благодарен на Филип Коку за дадената шанса, македонскиот репрезентативец потоа беше стандарден и кај Ервин Куман, но катастрофалните резултати на екипата беа причина и двајцата холандски тренери во период од само четири месеци од стартот на сезоната да добијат откази.

Јунал важи за миленик на навивачите на Фенербахче поради фактот дека овој стратег го одведе Фенер до титулата во 2014 година. Во ситуација кога е неопходна шок-терапија по катастрофалните игри во домашното првенство, јасно е зошто управата се реши за домашен стручњак што е добро запознаен со случувањата во клубот.

Фенербахче моментно се наоѓа на 17. место на табелата во турскиот шампионат, а прва шанса за скок од дното под водство на новиот тренер Елмас и соиграчите ќе имаат в понеделник на домашниот дуел со Ерзурум, тим што исто како и Фенер во првите 15 кола освои само 14 бода.

Се вчитува...