Елмас донесе експрес-водство, но Наполи потоа доживеа „потоп“ од Спартак Москва (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не успеа да донесе победа за Наполи против Спартак Москва во 3. коло од Групата Ц во Лигата на Европа, и покрај погодокот кој за својот тим го постигна во 13. секунда од средбата.

Наполи одлично го почна мечот со погодокот на Елмас по само 13 секунди игра…, но на крајот доживеа пораз од 2-3.

Но, во 30. минута следеше исклучување за Марио Руи па сето тоа повеќе од успешно го искористија гостите од Русија.

Промес најпрво во 55. минута израмни на 1-1, а потоа во 80. минута Игнатов постигна гол за целосен пресврт и водство од 1-2 на Спартак Москва. На 1-3 потоа зголеми Промес во 90. минута од средбата, а поразот го ублажи Осимхен со голот во четвртата минута од судиското продолжение.

На вториот дуел од групата, Легија Варшава славеше со 1-0 против Лестер.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО

ГРУПА А

Лион – Брондби 3-0

Спарта Прага – Глазгов Ренџерс 1-0

ГРУПА Б

Реал Сосиедад – Монако 1-1

Штурм – ПСВ 1-4

ГРУПА Ц

Наполи – Спартак Москва 1-2

Легија Варшава – Лестер 1-0

ГРУПА Д

Фенербахче – Олимпијакос 0-3

Антверпен – Ајнтрахт Ф. 0-1

Се вчитува...