Елмас еуфоричен: Ако треба ќе бидам и голман, само Наполи да победува

Елиф Елмас има причина да биде горд на своето издание против Сампдорија, откако македонскиот ас одигра одличен меч што го круниса со гол од пенал, за печат на конечната победа од 0-2 на Наполи.

Тренерот Спалети повтоно го ротираше Македонецот, па така Елиф почна во средниот ред, а по излегувањето на Кварасхелија се пресели во напаѓачкото трио.

„Мене тоа никогаш не ми пречело. Ако треба ќе бидам и голман, само Наполи да победува. Беше многу важно по оној пораз од Интер експресно да се вратиме да победиме, а не беше нималку лесно против овој тим на Сампдорија, кој игра со исклучително висока енергија. Како и да е, успеавме да ја завршиме работата, целта е остварена за денеска, одиме понатаму“, изјави Елмас.

Се вчитува...