Елмас гледаше од клупата, Наполи со пресврт до победа

Наполи повторно се израмни со Рома на делба на првото место на табелата oткако актуелниот шампион славеше на домашен терен против Џенова со 2-1. Елиф Елмас повторно се најде на клупата за резерви и не доби шанса ниту во второто полувреме, следејќи ги сите 90 минути од клупата за резерви.

Триумфот на „наполитанците“ е уште позначаен ако се знае дека Џенова имаше водство по првото полувреме, но „пулените“ на Конте сепак собраа сили за пресврт и го освоија целиот плен на овој натпревар.

Ангиса погоди за израмнување на 1-1, а Наполи потоа тргна во целосна офанзива кога во игра влезе и Де Бруине. Хојлунд имаше еден поништен гол поради минимален офсајд, но Данецот повторно стрелаше прецизно во 75. минута, носејќи ја победа на „наполитанците“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...