Елмас го импресионираше Конте: Од авион веднаш на тренинг…

Елиф Елмас веќе неколку дена тренира со тимот на Наполи, а информациите од Неапол велат дека македонскиот ас веќе го импресиоинрал тренерот Антонио Конте.

Трофејниот стручњак бил презадоволен од односот на Елмас, кој во неделата настапи за Македонија, а веќе во понеделникот му се стави на располагање одработувајќи го првиот тренинг со новите соиграчи. Вообичаена пракса е играчите по доаѓањето од репрезентнативна пауза да имаат еден ден пред да се вклучат на тренинзите, но односот и професионализмот на Елиф биле забележани од страна на целокупниот стручен штаб на „наполитанците“.

Италијанскиот првак викендов гостува на Фиорентина, натпревар на кој се очекува Елмас да добие шанса да ги покаже своите квалитети. Останува да се види дали македонскиот „дијамант“ ќе блесне од првата минута, или ќе добие шанса во второто полувреме.

Се вчитува...