Елмас го одигра најдобриот меч по „кам-бекот“ во Наполи, но немаше голови во дуелот со Ајнтрахт

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер за Наполи во дуелот со Ајнтрахт Франкфурт, кој заврши без голови 0-0. Елмас го одигра најдобриот натпревар по враќањето во Наполи од Лајпциг, имаше две супер шанси во првиот дел, но првиот удар беше изблокиран, додека вториот му го одбрани противничкиот голман.

Елмас главно досега влегуваше од клупата, но во последно време се почесто ја добива довербата од Антонио Конте. Вечерва го одигра целиот натпревар, меѓутоа, за жал, не успеа да му донесе победа на својот тим.

Во вториот дел шанси имаше и Мектоминеј, но и тој не успеа. На другата страна Кнауф имаше одлична можност, ама неговиот обид го одбрани голманот Милинковиќ-Савиќ. Супер шанса имаше и Наполи во последните секунди, меѓутоа Ајнтрахт успеа да се одбрани и да се спаси од пораз.

Се вчитува...