Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не добива минутажа каква што објективно заслужува оваа сезона во дресот на Наполи.
Лучијано Спалети се помалку минути доделува за Елмас на натпреварите во Серија А и во Лигата на шампионите, поради што македонскиот репрезентативец се чини испрати иронична порака. Толкувајќи ја италијанските медиуми нагласуваат дека тоа е и еден вид порака до Спалети.
„Мојата прва љубов – клупата“, објави Елмас на своите официјални мрежи.
Факт е дека Елмас заслужува далеку поголема минутажа од онаа која ја добива како доверба од Спалети последниот период. И оние минути на терен ги игра одлично, поради што дел од италијанската фудбалска јавност смета дека Наполи е, на некој начин, некоректен кон фудбалерот кој изминативе години даде многу за клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА