Елмас го прати Алба „по бурек“, Наполи води на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Дваесетидевет минути му беа потребни на Наполи да поведе против Барселона на „Камп Ноу“, а огромна заслуга за тоа има македонскиот интернационалец Елиф Елмас.

Фудбалерот на Наполи имаше одличен дриблинг во шестнаесетникот на Барселона со кој го „прати по бурек“ искусниот Алба, а потоа ја додаде топката до Зjелински кој по вториот удар успеа да го совлада Тер Штеген.

Голот можете да го погледнете ТУКА.

Се вчитува...