Елиф Елмас ќе го пропушти стартот на новата сезона на Лајпциг откако македонскиот репрезентативец отпадна од комбинација за утрешниот дуел од Купот на Германија против Есен.
Тренерот Марко Розе на денешната прес-конференција објави дека повредата на македонскиот „дијамант“ не е премногу сериозна, но тој и Чад Битшиабу нема да можат да се појават на теренот на дуелот со Есен.
„Елмас и Битшиабу би требало да почнат со тренинзи следната седмица, исто како и Кристоф Баумсгартнер кој е блиску до камбек по повредата на коленото“, изјави Розе.
Останува да се види дали Елмас ќе се рехабилитира навреме за да настапи во првото коло од Бундес-лигата, во кое во првото коло на 24 август Лајпциг ќе биде домаќин на тимот на Бохум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА