Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас продолжува со одличните партии по неговото враќање во Серија А во редовите на Торино.
Македонскиот фудбалер повторно беше еден од најдобрите фудбалери на неговиот Торино во победата од 0-2 на гостувањето кај Монца во меч од 27. коло од калчолигата.
Елмас донесе водство за неговиот тим со перфектната завршница во 41. минута со која го матираше противничкиот голман за 0-1. Конечните 0-2 ги постави Касадеи во 66. минута.
GOAL: Eljif Elmas
Monza 0-1 Torinopic.twitter.com/fENmgRofwq
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА