Елмас го замени Де Бруине, Наполи декласиран во Ајндховен (ВИДЕО)

На Наполи му се случи катастрофа во Ајндховен, откако е поразен со 6-2 од ПСВ во третото коло во Лигата на шампионите. Неверојатно второ полувреме одиграа овие два тима, откако по првиот дел беше само 2-1 за ПСВ, и тоа со пресврт.

Елиф Елмас остана на клупата на италијанскиот тим, а гол серијата започна преку МекТоминеј во 31. минута. Но, со головите на Тил и Саибари холандскиот тим направи пресврт.

Ман во 54. минута го однесе ПСВ и до 3-1. Убав гол постигна Ман во 80. минута за 4-1. Следуваше гол на МекТоминеј во 86. минута намали на 4-2, но тоа како да ги изнервира домашните кои преку Пепи дојдоа до 5-2, а Дриош ги постави конечните 6-2.

Елиф Елмас влезе во игра во 86. минута откако го замени Де Бруине, меѓутоа без никаква можност да смени нешто во резултатот.

Се вчитува...