Елмас и Ѓорѓев меѓу најголемите фудбалски таленти од Балканот

Македонските фудбалски „бисери“, младинските репрезентативци на Македонија кои веќе се дел и од сениорскиот национален тим, Ељиф Елмас и Никола Ѓорѓев, се наоѓаат меѓу 15-те најголеми таленти од Балканот. Тие импресионираа со своите настапи за репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година, а ова лето направија и трансфери ширум Европа. Со оглед на тоа заслужено се најдоа на листата од 15 најталентирани фудбалери од балканскиот регион.

elmas fener debi 2

„Бисерот“ на Работнички, Ељиф Елмас, на свои 17 години направи трансфер од соништата во турскиот гигант Фенербахче. Таму е пречекан како потенцијал кој поседува квалитети да стане врвен фудбалер. Елмас веќе го споредуваат со неколку легендарни фудбалери, на кои потсетува со својот стил на игра.

gjorgjev tvente so feenord

20-годишниот Ѓорѓев ја смени швајцарската прва лига со холандската, од Грасхоперс замина во Твенте на двегодишна позајмица, и полека го зацврстува своето место во првиот тим.

На листата на 15 најголеми фудбалски таленти на Балканот се наоѓаат и Анте Чориќ, 20-годишниот играч за врска кој е главен адут во Динамо Загреб, како и новиот играч на Евертон, Никола Влашиќ, кој досега беше член на сплитски Хадук. Останатите се: Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Никола Миленковиќ (Србија, Фиорентина), Јосип Брекало (Хрватска, Штутгарт), Никола Моро (Хрватска, Динамо Загреб), Амер Гојак (Босна и Херцеговина, Динамо Загреб), Дује Цалета-Цар (Хрватска, Ред бул Салцбург), Лазар Царевиќ (Барселона Б, Црна Гора), Мерис Скендеровиќ (Хофенхајм, Црна Гора), Ермедин Демировиќ (Алавес Б, Босна и Херцеговина), Марин Понграциќ (Ред бул Салцбург, Хрватска), Валдрин Мустафа (Кајзерслауртен, Албанија).

 

Се вчитува...