ЕКИПА во Бидгошч,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Македонскиот селектор Благоја Милевски веднаш по денешниот дуел со Србите најави промени во стартниот наш состав за дуелот со Португалците во петок.
Македонија на средбата со Србија се разигра во второто полувреме, со влегувањето на Елиф Елмас, кој уште еднаш покажа дека е огромна иднина на македонскиот фудбал, како и Никола Ѓоргев…
„Можеби и јас згрешив со составот во првиот дел, а сето тоа потоа го поправивме на полувреме. Може да кажам дека против Португалците ќе играме со сосема нов променет стартен состав. Сега веќе немаме шанси за пласман во полуфиналето на ЕП, па токму затоа против Португалија ќе играме со нов тим, давајќи можност и на фудбалери кои треба да бидат наши носители во следните квалификации“ – истакна Милевски.
Па, токму Елмас и Ѓоргев се очекува да бидат стартери на дуелот со Португалија. Покрај нив се очекува уште измена по крилните дефанзивни позиции. Неизвесен е настапот на Бобан Николов кој се повреди на денешниот натпревар со Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА