Елјиф Елмас и неговиот Наполи стигнаа до голема победа (0-1) на гостувањето кај Рома во дерби натпреварот од 11. коло во италијанската Серија А. Како и секој натпревар во кој игра тим на Жозе Мурињо, гледаме малку фудбал, а многу надмудрување.
Така беше и вечерва кога „специјалниот“ успеа 80. минути да го сопре „потентниот“ напад на „наполитанците“. Сепак, избраниците на Лучијано Спалети успеаја во финишот да го урнат отпорот на домаќините и со голот на Виктор Осимен во 81. минута да стигнат до големи три бода.
Елјиф Елмас и овој натпревар го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 57. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА