Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се закити со нов трофеј во своите витрини откако неговиот клуб Наполи славеше во финалето на Суперкупот на Италија совладувајќи ја Болоња со 2-0.
Стрелец на двата голови во 39. и 57. минута беше Давид Нерес носејќи им нов трофеј на неаполитанците.
Македонецот натпреварот го започна од првата минута, а беше заменет во 68. минута од средбата.
CAMPIONI! ✨
La Supercoppa torna a Napoli! 🏆💙 #ProudToBeNapoli pic.twitter.com/HvW1NhEYPV
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) December 22, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

