Елмас и Наполи нема да ја бранат титулата во Копа Италија – Аталанта ќе го предизвика Јувентус во финалето (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Наполи нема да ја бранат титулата во Копа Италија откако во второто полуфинале загубија од Аталанта со 3-1. По првиот меч во Неапол кој заврши без голови 0-0, во реваншот тимот од Бергамо одигра далеку подобро и сосема заслужено обезбеди пласман во финалето.

Запата во 10. и Песина во 16. минута донесоа водство од 2-0 за домаќините. Надежта за гостите ја врати Лозано во 53, но Песина со својот втор гол во 78. минута ги постави конечните 3-1. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас одигра едно полувреме.

Во финалето Аталанта ќе игра со Јувентус, кој во првото полуфинале беше подобар од Интер.

 

Се вчитува...