Елјиф Елмас и неговиот Наполи одиграа без голови 0-0 на гостувањето на „Артемио Франки“ кај Фиорентина во последниот натпревар од денешната понуда во 3. коло од италијанската Серија А.
Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар во кој ремито најреално ги отслика случувањата на теренот. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 61. минута и ги одигра последните половина час. Во вториот меч од вечерашната понуда Лече и Емполи одиграа 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

