Елиф Елмас и Наполи се првите финалисти на италијанскиот Супер-куп откако во полуфиналето го совладаа тимот на Милан со 2-0.
Елмас повторно доби шанса во стартниот тим и ја оправда довербата на тренерот Конте, давајќи сигурност во средниот ред на „наполитанците“. Во главна улога сепак беше Расмус Хојлунд, по неговата акција Нерес погоди за 1-0 во првото полувреме, а данскиот ас самиот стрелаше за 2-0, со прекрасен удар ставајќи печат на заслужената победа.
Елмас остана на теренот се до 77. минута, кога беше заменет со Мацоки.
Противник на „наполитанците“ во големото финале ќе биде подобриот од дуелот Интер – Болоња што е на програмата утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

