Елмас и Наполи се простуваат од одбрана на титулата во Серија А (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас и неговиот Наполи повторно не успеаја да стигнат до полн плен во домашниот шампионат откако денеска беа поразени на гостувањето кај Аталанта 2-1 во меч од 26. коло во Серија А.

„Наполитанците“ поведоа со 0-1 со погодокот на Беукема уште во 18. минута од натпреварот. Домаќините успеаја да израмнат на 1-1 преку Марио Пашалиќ во 61. минута од натпреварот, додека конечните 2-1 беа дело на Самарџиќ во 81. минута.

Македонскиот репрезентативец повторно беше стартер за својот тим и го одигра целиот натпревар.

Atalanta [1] – 1 Napoli – Mario Pašalić 61'
byu/ayoefico insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...