Елмас и Наполи се спасуваа од пораз од Адана на Манев и Куртулан

Наполи неочекувано едвај стигна до реми од 2-2 на пријателскиот дуел со турскиот прволигаш Адана, меч што претставуваше и македонска пресметка меѓу Елиф Елмас од едната и младинските репрезентативци Манев и Куртулан од другата страна.

Елмас се најде во стартниот состав на „наполитанците“ и беше заменет на полувремето откако на одмор се замина со резултат 0-0. Лозано го доведе Наполи во водство од 1-0, но потоа следеа серија грешки на италијанските дефанзивци и голманот Мерет, по што беа досудени два пенали со кои Адана направи целосен пресврт и поведе со 1-2.

Манев, кој летово пристигна од Брегалница, и Куртулан, кој е позајмен од Фенербахче и од неодамна почна со настапи за младинската репрезентација на Македонија, влегоа во игра во финишот, при резултат 1-1, и само неколку минути подоцна Адана стигна до предност.

Конечните 2-2 ги постави Лозано во судиското продолжение, со својот втор гол на натпреварот.

Се вчитува...