Фудбалерите на актуелниот шампион на Италија, Наполи одиграа само реми 2-2 на домашен терен против Верона во натпревар од 19. рунда од Серија А.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Фрезе во 16. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел следуваше нов шок за „наполитанците“ откако Орбан од пенал во 27. минута зголеми на 0-2.
Во вториот дел Скот Мектоминај во 54. минута намали на 1-2. Хојлунд стрелаше за 2-2 во 72. минута, но неговиот гол поради офсајд беше поништен со ВАР. Сепак, домаќините стигнаа до израмнување 2-2, преку Ди Лоренцо во 82. минута.
Нашиот Елиф Елмас повторно беше стартер за својот тим и одигра 63. минути.
Napoli [1]-2 Verona – Scott McTominay 54'
byu/Meladroit05 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

