Елиф Елмас и неговиот Наполи стигнаа до голема победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Џенова 2-3 во натпревар од 24. коло во Серија А.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Малиновски уште во 3. минута од пенал. За само две минути гостите направија целосен пресврт. Прво Хојлунд во 20. минута израмни на 1-1, додека во 22. минута Мектоминај стрелаше за 1-2. Во вториот дел Џенова израмни на 2-2 преку Коломбо во 57. минута.
До крајот за издвојување е и вториот жолт картон на фудбалерот на гостите Жуан Жезус во 76. минута, но и погодокот за победа на Расмус Хојлунд (2-3) во 95. минута. Елмас повторно беше стартер во својот тим и го одигра целиот натпревар.
Genoa 2 – [3] Napoli – Rasmus Hojlund penalty 90+5'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

