Елмас и Наполи со „петарда“ против Верона на стартот од Серија А (ВИДЕО)

Наполи со „петарда“ во мрежата на Верона ја започна сезоната во рамки на првото коло од Серија А, 2-5.

Кевин Лазања го отвори натпреварот во 29. минута и предизвика еурофрија на трибините, а шок кај гостите. На гостите им беа потребни само неколку минути за брзо да се консолидираат, па продолжија со својата игра, напаѓајќи постојано високо во шеснаесетникот. Ваквиот пристап им се исплати во 37. минута, кога Квича Кварацхелија со глава погоди за 1-1. До крајот на полувремето Наполи успеа да дојде и до предност, овојпат на сцена стапи Виктор Осимен во 45+3′ минута, резултат со кој се замина на пауза.

Вториот дел на идентичен начин како и во првото полувреме го отворија домаќините, Томас Хенри со гол во 48. минута го изедначи резутлатот на 2-2. Сепак, радоста траеше кратко, за седум минути експресно одговори Пиотр Зиелински за ново водство, сега од 2-3. Веќе во 65. минута Наполи дојде и до 2-4, стрелец на голот беше Станислав Лоботка во 65. минута. До крајот на мечот во листата на стрелци се запиша и Матео Политано во 79. минута. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас во игра влезе од клупата за резерви во 68. минута.

 

Се вчитува...