Елмас и Наполи со реми без голови против Верона

Македонскиот фудбалски интернационалец Елјиф Елмас и неговиот Наполи одиграа без голови 0-0 на домашен терен на „Диего Армандо Марадона“ против Верона во натпревар од 30. коло во италијанската Серија А.

Откако веќе одамна е сигурно дека трофејот од Калчолигата по долга пауза повторно ќе дојде во Неапол, единствена цел на Лучијано Спалети е реваншот против Милан во Лигата на шампионите во кој неговиот тим на домашен терен ќе треба да ја надокнади негативата од 1-0 од првиот меч на „Сан сиро“.

Затоа денешниот натпревар не донесе некои големо возбудувања, а и двата тима беа задоволни со бод. Елмас и на овој меч беше дел од стартниот состав на својот тим и одигра 73. минути.

 

 

Се вчитува...