Соиграчите на Елмас во температурен шок: Од +18 во Шпанија, тренираа на -8 во Лајпциг

Експедицијата на Лајпциг ги заврши мини подготовките во Шпанија, и од денеска почна со тренинзи во Лајпциг, подготвувајќи се за продолжението од Бундеслигата, кое стартува престојниот викенд.

Елиф Елмас не беше на тренингот поради тоа што итно мораше да отпатува за Италија да среди бироктраски нешта за комплетирање на трансферот во Германија, но неговите нови соиграчи останаа шокирани, со оглед дека од +18 идеални степени во Ла Манга во Шпанија, денеска тренираа на поларни температури од -8 степени.

Така играчите на Лајпциг од кратки ракави, денеска мораа да носат и капи и шалови и ракавици, односно целосна „зимска опрема“.

Се вчитува...