Одлично прво полувреме за Наполи одигра Елиф Елмас, кој практично учествуваше во двата гола, со кои тимот од Неапол води со 2-1 над Салернитана.
Најпрво во 17. минута Елмас му асистираже на Жезус за погодок за водство од 1-0. Потоа Салернитана израмни, а на сцена стапи повторно Елмас кој во 45 минута изнуди пенал за домашните, откако претходно украде една топка на средината на теренот, и „измеша“ 3-4 противнички играчи. А, Мертенс беше прецизен и донесе водство на Наполи на полувремето.
Останува сега уште само Елмас да се запише во листата на стрелците, и да ја комплетира фантастичната партија.
Elmas 💎 pic.twitter.com/G4yCmRsqO3
— أحمَد (@1Pcho) January 23, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА