Елмас им се извини на Италијанците: Теренот во Скопје беше катастрофален

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно остана непоразена против Италија откако синоќа на домашен терен ремизираше 1-1.

Македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас по мечот им се извини на Италијанците за лошата состојба на теренот на арената „Тодор Проески“.

„Искрено, теренот беше ужасен и срамен. Можам само да им се извинам на Италијанците и на цела Европа, не може да се игра на ваков терен. Ваквиот терен беше проблем и за нас како и за Италија“, изјави Елмас.

Се вчитува...