Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за Торино на вечерашниот дуел со Венеција што заврши без победник, 1-1. Македонскиот репрезентативец повторно имаше значајна улога во својот тим, воедно и успевајќи да го изнуди пеналот по кој Торино се спаси од пораз.
Венеција со поголеми мотиви влезе во натпреварот бидејќи гостите се борат за гол прволигашки живот, а таквиот пристап им донесе и водство во 36. минута преку Перез.
Торино не се предаде, домашниот состав заигра поквалитетно во вториот дел, а откако Елмас изнуди пенал во 75. минута, Влашиќ од белата точка спаси бод за „торинезите“.
Елиф во судиското продолжение имаше и опасен шут за победа, што гостинскиот голман со крајни напори го исфрли во корнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

