Елмас ја погоди пречката, Наполи го освои Рим (ВИДЕО)

Наполи за само девет минути го реши тимот на Лацио на гостински терен, и победи со 0-2, и му се доближи на Милан на само еден бод заостанување на првото место.

Спинацола во 13. минута најдобро се снајде во шеснаесетникот, и го совлада голманот на Лацио. Само девет минути подоцна, Политано изведе одличен прекин, а Рахмани со глава зголеми на 2-0. 

Елмас во 38. минута од средбата ја погоди пречката од голот, и пропушти да зголеми на 3-0. До крајот на мечот немаше промена на резултатот, иако Елмас и во 78. минута имаше прилика, но обидот со глава заврши само крај голот. Во 86. минута македонскиот фудбалер ја напушти играта.

Се вчитува...