Елмас ја „скина пајажината“ во пенал серијата, но Наполи испадна од Купот (ВИДЕО)

Екипата на Комо се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако го совлада Наполи во пенал серијата. Регуларниот дел заврши 1-1, а играчите на Комо благодарение на подобро изведени пенали (погодија седум од осум, наспротив шест од осум за „наполитанците“), одат меѓу најдобрите четири тима во Копа Италија.

Батурина од пенал во 39. минута од средбата донесе предност за Комо, која ја анулираше Вергара во првата минута од вториот дел.

Во пенал серијата фудбалерите на Комо беа прецизни во првите две серии, а во втората Лукаку промаши, па така Комо се стекна со предност од 2-1. Во третата серија двата тима беа прецизни, а во четвртата Милинковиќ-Савиќ му го одбрани ударот на Пероне, па така Наполи израмни, а Елмас во последната серија успеа да постигне прекрасен гол од белата точка и така да продолжи пенал серијата.

Двете екипи беа прецизни и во следните две серии, а одлучувачка беше осмата серија кога промаши Лоботка, односно му одбрани Бутез за голема радост на гостинските играчи.

Комо во полуфиналето ќе игра против Интер, додека Аталанта го чека подобриот од дуелот Болоња – Лацио кој се игра утре.

Се вчитува...