Елиф Елмас конечно побегна од кошмарот во Лајпциг и вчера беше официјално промовиран како ново засилување за Торино, но македонскиот репрезентативец сепак ќе мора да почека за деби за новиот клуб.
„Дијамантот“ без никакви проблеми ги мина лекарските прегледи во Торино, но одржал само еден тренинг со новите соиграчи. Исто така, греењето на клупата во последните шест месеци било значаен фактор за тренерот на Торино да реши да не ризикува со Елиф, па нашиот најдобар фудбалер воопшто нема да патува со тимот за утрешното гостување против Аталанта.
Се очекува Елмас во наредните денови да се адаптира во новата средина, по што нашиот репрезентативец би дебитирал наредниот викенд, на домашниот натпревар што Торино ќе го игра против Џенова на 9 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА